×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Маскиран и вооружен разбојник ограбил вработена во финансиско друштво, Кумановското обвинителството бара притвор

    18.05.2023 15:43 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник, за кого постои основано сомнение дека сторил едно кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Маскиран и вооружен разбојник ограбил вработена во финансиско друштво, Кумановското обвинителството бара притвор

    До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоците.

    „Осомничениот, на 15 мај, ставил маска на лицето и влегол во финансиско друштво на улицата „Трета МУБ“ во Куманово. Од појасот извадил нож и со започнал да се заканува на вработена во подружницата дека ќе ја нападне доколку не му даде пари. Исплашена за сопствениот живот, оштетената му кажала дека парите се наоѓаат во фиоката, па осомничениот ја отворил фиоката и одзел 13.740 денари и една службена банкарска картичка. Веднаш потоа го напуштил објектот“, информираат од ОЈО Куманово.​