Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица се повредени во тепачка, која се случила вчера околу 13 часот пред средно училиште во Куманово. Во тепечката биле користени метални предмети, учествувале соученици од Куманово и Слупчане.
„Во Полициската станица Куманово, вчера од 17.30 до 18.30 часот на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово, затоа што со група од други малолетници околу 13.00 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, двајцата од с.Слупчане, липковско, ученици во училиштето“, соопштува МВР.
Според пријавеното, при нападот тие употребиле метални и тврди предмети и им нанеле повреди. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
(фото.архива)