Матејчанец насила одзел јакна на којнарец
22.04.2013 14:17
| KumanovoNews
О.О. (40) од село Матејче на сила му одземал јакна на којнарец на Автобуската станица во Куманово.
Инцидентот се случил на 9 април, кога матејчанецот со закана со нож ја одземал јакната на Д.Ѓ.(44) од Долно Којнаре. Во јакната останале и документите на сопственикот.
На О.О. истражен судија му одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Тој кривично ќе одговара за “разбојништво“.