×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Медицинските паралелки во монтажни училници

    24.01.2012 16:04 | KumanovoNews

     Во монтажниот објект има 6 училници и наставничка канцеларија во која настава посетуваат околу 400 ученика во 12 паралелки.

    Медицинските паралелки во монтажни училници

    Учениците од медицинската насока во Техничкото училиште „Наце Буѓони„, на албански јазик, второто пологудие го започнааа во монтажни објекти поставени во кругот на зградата на поранешен ЗИК. Во зградата-контејнер има 6 училници и наставничка канцеларија, во која настава посетуваат околу 400 ученика  во 12 паралелки. Настaвата се изведува во две смени.

    Монтажниот објект го поврзавме со мал ходник до главната зграда и испадна како една целина. Во објектот има 6 училници и мала наставничка канцеларија. Ги приклучивме на централното греење од училиштето и создадовме услови за нормално одвивање на наставата. Со тоа привремено го решивме петгодишниот проблем учениците да посетуваат настава во 3 смени и во подрумски простории - вели заменик директорот на училиштето Сали Неџмедин .

    Проблемот со недостаток на простор се појави кога учениците се преселија од матичното училиште во поранешната зграда на ЗИК. Таму во 17 училници наставата во три смени посетуваат 38 паралелки, околу 1100 ученици. Во договорот на Министерството за образованите и локалната самоуправа, монтажните училници ќе останат до крајот на годината, а во меѓувреме ќе се бара трајно решение на проблемот. Како опција се предлага отворање на уште едно средно училиште на албански јазик во кругот на касарната „Кристијан Карпош„ во населбата Бедиње во Куманово.