×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Медицинските сестри и техничари со високо образование од септември ќе добиваат соодветен надоместок

    24.06.2021 13:38 | KumanovoNews

    Од месец септември оваа година сите медицински сестри и техничари, коишто завршиле високо медицинско школо или специјализација и се стекнале со такво образование од 180, односно 240 кредити, ќе добијат соодветен надоместок за своето образование.

    Медицинските сестри и техничари со високо образование од септември ќе добиваат соодветен надоместок

     Драго ми е што ова е еден начин на зголемување на примањата на една категорија на здравствени работници коишто навистина несебично се дадоа себеси во менаџирањето на ковид кризата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

    Оваа одлука доаѓа по работниот состанок на министерот Филипче со директорите на ФЗО на РСМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети, претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски и претставници на Здружението на медицинските сестри, техничари и акушерки. 

    Најдено е решение за проблемот кој е актуелен за медицинските сестри и техничари, вработени во јавно-здравствените установи. Проблем датира од 2015 година па се до денес, а станува збор за надоместокот за образование на медицинските сестри и техничари, коишто завршиле високо школо или специјализација и се стекнале со образование од 180 односно 240 кредити, а до сега тоа образование не им беше платено. Во 2015 година е направен пресек со донесувањето на одлука да се платат само специјализации, односно високите школи на тие што дотогаш завршиле, а сите медицински сестри и техничари коишто инвестирале во своето образование од 2015 натаму тоа не можеа да го валоризираат преку својата плата.

    Според претседателот на синдикатот, д-р Љубиша Каранфиловски, кадровските ресурси се најважниот потенцијал во здравството и нивното добро менаџирање и препознавање е основа за успешен здравствен систем. Европските директиви во здравството се во насока на признавање на високото стручно образование на медицинските сестри и техничари. 

    „Во нашиот здравствен систем околу 23% се сестри со високо образование и техничари со високо стручно образование, па се надеваме дека со ваквиот пристап, со овој додаток  којшто значи дека вработените ќе ја земат разликата меѓу коефициентот од средно до високо стручно образование ќе значии  нивно препознавање во здравствениот систем“, вели д-р Каранфиловски.