Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Медот не е само лек, туку е и храна и тоа исклучително здрава, но иако не е скап, граѓаните немаат навика да го користат во исхраната велат пчеларите од кумановскиот регион.
Тие се жалат дека многу е полесно да се произведе медот, отколку да се продаде, бидејќи стандардот на животот ја диктира куповната моќ на граѓаните.
Од пчеларство не може да се живее и да се наполни семејниот буџет, туку тоа е најчесто дополнителна дејност со која се занимаваат многу семејства во кумановскиот регион. Сега во овие услови, кога нема работа за младите може да се оствари еден солиден приход од пчелите, но да пчеларат најмалку 200 пчели и тоа номадско пчеларење, а не стационирано-изјави Благоја Алексовски, пчелар од Куманово.
Пчеларите се жалат дека за разлика од порано кога од една пчела годишно собирале и до 100 килограми мед, последните неколку години производството е четирипати намалено.
Во кумановскиот крај годишно една пчела дава од 15 до 30 килограми мед последниве 5-6 години. Јас моите пчели ги чувам во селото Стрновац и произведувам органски мед- вели Милорад Арсовски.
Проблемот со пласманот на медот може да се реши единствено со организиран откуп порачуваат членовите на кумановското пчеларско здружение ,,Кум-мед,, кои викендов ги изложија своите пчелни производи на Градскиот плоштад, по повод празникот Благовец.