×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународен фолклорен фестивал од 20 до 23 јули во Куманово

    08.05.2023 15:03 | Сузана Николиќ

    Тринаесет  културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од земјава, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Грузија, Египет и од Колумбија ќе учествуваат на четиридневниот Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово.

    Меѓународен фолклорен фестивал од 20 до 23 јули во Куманово

    Фестивалот ќе се одржи по четврти пат на малиот градскиот плоштад во Куманово, а доколку временските услови бидат неповолни, ќе биде преместен во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

     „Веќе се договорени учесниците и ги правиме подготовките за самате манифестација. Ќе имаме околу 250 учесници кои ќе продефилираат низ градските улици а потоа ќе настапат пред публиката. Од нашата земја ќе гостуваат шест друштва, две од Скопје, по едно од Битола, Крива Паланка, и ние како домаќини ќе го отвориме фестивалот. Ние сме горди што фестивалот предизвика толку голем интерес кај публиката и тоа ни е мотив повеќе оваа година да трае подолго и да имамем разноврсни гости“, изјави Мирослав Крстевски, уметнички директор на фестивалот.

    Советот на фестивалот го одржа првиот состанок, на кој главно се зборуваше за начинот на организација и обезбедувањето на финансиси средства за фестивалот.

    Организатори на фестивалот се Младинскиот културен центар (МКЦ) и  КУД „Панче Пешев“, со подршка на  Општина Куманово и Минситерството за култура.