Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Меѓународна изложба на уметнички дела со наслов „Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе биде отворена вечерва во 19.00 часот во Изложбениот салон на Национална установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово.
На изложбата ќе бидат изложени 40 дела а учество земаа 10 македонски и 10 бугарски академски ликовни уметници. Оваа изложба е заеднички проект во соработка помеѓу Национална установа Центар за култура ,“Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничка Галерија – Русе од Република Бугарија.
Учесници на изложбата се академските ликовни уметници: Жаклина Глигориевска - Кочоска, Зоран Арсовски - Бабата, Иво Пецов, Марија Величковска, Марија Трпеска, Марјан Sингаров, Петра Јовановска, Симона Јакимовска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Валентин Георгиев, Виргинија Пенчева, Вјара Гунева, Георги Пасев, Гошо Георгиев, Златка Стојкова, Ива Станева, Ирена Парашкевова,
Красимира Кирилова, Тања Пасева.
„Изложбата „Без дистанца” ја реализиравме помеѓу Центар за култура Куманово и Уметничката галерија во Русе сигурен сум дека ќе воспостави трајни врски помеѓу уметниците и можност за идна соработка од областа на уметноста. Заедничката изложба дава можност за поактивна соработка, создава простор да се направи и нов заеднички проект во кој ќе учестуваат уметници, сликари, поети, актери. Како Центар за култура од Куманово горди сме што сме дел од овој прокет на уметноста кој ќе остави видливи траги и убави спомени за сите кои земаа учество со своите дела во истиот“, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 07. декември годинава.
Во октомври изложбата беше презентирана пред јавноста во Уметничка Галерија – Русе.