×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Мерион Tравел“ со богата понуда за осмомартовски патувања

    10.02.2015 14:26 | KumanovoNews

    Туристичката агенција “Мерион Травел“, традиционално, за припадничките на понежниот пол, нуди богата програма на осмомартовски патувања.

    “Мерион Tравел“ со богата понуда за осмомартовски патувања

    За празникот на жената, подготвени се аранжамни за атрактивни дестинации во соседството и низ Европа. Понудата за Лепенски вир со две ноќевања чини 6100 денари, посетата на Сарево и Мостар со две ноќевања 7130 денари, додека Соко Бања за еден ден е 3530, а за два дена 4300 денари.

    “Имаме понуди за Азурен брег, Дворци на Баварија, Фиренца, Венеција, Верона, Истанбул, Нови Сад, Сандански и Банско во Бугарија и други. Некои се со автобуски, а подалечните места со авионски превоз. Најатрактивни дестинации се Сараево, Дворци на Баварија, соседна Грција, Бугарија, Истанбул зависно од вкусовите. Цените се зависно од типот на превоз, зависно  колку дена сакаат таму да поминат, колку трае патувањето, дестинацијата дали е во соседните држави, европските градови или подалеку во светот како Дубаи, Москва и слично. Уплатите се во тек и најдобро е да се уплати во февруари, бидејќи има можност за поголем избор“ - изјави Мери Миновска, сопственик на “Мерион Травел“.

     Во агенцијата се продаваат и билети за концертот на Владо Георгиев, кој ќе се одржи на 14 февруари во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. За организиран превоз цената на повратна карта изнесува 150 денари.

    Повеќе информации заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 031 419 146 или лично да отидат во канцелариите на агенцијата на улица “Ленинова“ бр. 30.