×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Месната заедница „Панче Пешев“ доби ново раководство

    10.03.2023 09:50 | Сузана Николиќ

    Жителите на месната заедница „Панче Пешев“ избраа ново раководство со 4 годишен мандат.

    Месната заедница „Панче Пешев“ доби ново раководство

    Поддршката за претседател ја доби Александар Трајковски, а заменик е Бојан Петковски. Членови на месната заедница се Бобан Кипријановски, Виолета Богдановска, Бобан Илиевски, Сашо Маниќ и Дејан Станојковиќ.

    „Наша задача ќе биде да работиме на подобрување на условите за живот на граѓаните од овој дел од градот. Иако станува збор за најурбаната месна зaедница ние имаме сериозни проблеми, кои се карактеристични за минатиот век.  Се соочуваме со  преголемо загадување на воздухот, недостаток на зелени површини, неуредени паркови и детски катчиња, неквалитетна канализациска мрежа, хаос во сообраќајот и паркирањето, нечистотија и ред други работи. Ќе бидеме во постојана комуникација со граѓаните да ги слушнеме нивните потреби и размислувања, па во соработка со Општина Куманово ќе работиме на нивнo решавање“, вели претседателот Трајковски, кој најави дека ќе се одредат приемни денови за граѓаните во просториите на месната заедница, кои наскоро ќе бидат објавени. 

    Потребата од избор на ново раководство во месната заедница „Панче Пешев“ се наметна кон средината на минатата година кога Општина Куманово се обиде да воведе зонско паркирање во овој дел на градот.  

    Граѓаните тогаш се организираа и се спротивставија на ваквата одлука, сметајќи дека проширувањето на Б зоната се врши селективно и само во одредени деловина градот. Општината се повлече од идејата, но обвини дека граѓаните се политички изманипулирани и затоа ја одбиле понудата да плаќаат повластен паркинг. 
       

    Месната заедница „Панче Пешев“ се наоѓа на потегот помеѓу  улиците „Октомвриска револуција“, „Ленинова“ и „Иво Лола Рибар“, која брои преку 10 илјади жители, но нема соодветна инфрaструктура.

    Во новата населба на „Октомвриска“ освен стамбени згради со деловни простории нема ниту еден јавен објект, градинка, основно училиште, амбуланта, спортски терени, паркови, уреден кеј, трговски центар...

    Непланската градба и комерцијализација на секојa слободна јавна површина го уништи урбаното и хумано живеење на граѓаните, па сега тие бараат колку може да се поправи.