Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата влегле во џамијата, додека стражарите биле излезени до продавница. Го искористиле моментот што биле сами и додека ја разгледувале џамијата го вклучиле системот за озвучување и си поиграле со микрофонот.
Вчера во кумановската џамија пееја деца место оџата. Во 9.15 часот од минарето на џамијата „Татар Синан паша„ во центарот на Куманово почнаа да ечат неартикулирани и неразбирливи гласови и звуци. Прво се имитираше оџата и имаше обид да се пее молитвата, а потоа се слушнаа стихови од некоја албанска песна. Неколку минути вревата и џагорот се разнесуваше преку разгласот на џамијата низ центарот на градот. Утринската „молитва„ најмногу ги изненади жителите од околните згради и граѓаните што минуваа покрај џамијата. Вчудоневидени, љубопитно застануваа и ѕиркаа преку оградата да разберат што се случува. Верници кои во моментот се најдоа во близина се стрчаа во џамијата за да видат кој пее внатре и да го спречат неартикулираното дивеење преку озвучувањето. Малку потоа изнесоа неколку деца и ги избркаа што подалеку од светото место. Три деца на возраст од петнаесетина година влегле во џамијата и го вклучиле системот за разглас и почнале да пеат и да си играат.
„Никој не ги знае кои се ниту им ги знаеме родителите, бидејќи не се од тука, туку од Австрија. Но не е убаво што се така воспитани, да сквернават светото место и верски чувства„ - раскажува еден очевидец.
Децата влегле во џамијата, додека стражарите биле излезени до продавницата. Го искористиле моментот што биле сами и додека ја разгледувале џамијата го вклучиле системот и си поиграле со микрофонот. Бидејќи се рамазански пости, претпладне во џамијата има помалку верници за разлика од обичните денови кога посетеноста е многу поголема.