×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мики Трендафиловски твореше на ликовна колонија во Врање

    15.09.2022 11:38 | KumanovoNews

    Уметникот Мики Трендафиловски од Куманово, учествуваше на ликовна колонија во Врање, која се одржа во јуни годинава, а од петок делата се изложени во галеријата на Народниот Универзитет во Врање. 

    Мики Трендафиловски твореше на ликовна колонија во Врање

    На изложбата се поставени 14 слики создадени на ликовната колонија, а ќе биде отворена до 7 октомври.

    Трендафиловски бил единствен претставник од Македонија, а творел заедно со колеги од Чешка, Бугарија, Хрватска и Србија.    

    „Создадов две слики, а инспирацијате ми беше самиот град, неговата традиција и историјата, тесно поврзана со Бора Станковиќ, Митке и Коштана, стариот чаршиски живот и обичаи“, вели Трендафиловски.

    Под мотото „7 дена – 7 учесника“ авторите своите дела ги создавале токму во галеријата, твореле на слободна тема, а секој ден ги посетувал по еден истакнат учесник, за да се одбележи неговото творење и вложениот труд. Колонијата се одржува по 21-пат, а произлегла од поранешната колонија „Прохор Пчињски“, која се одржуваше во манастирскиот комплекс со заедничка организација на културните работници од Куманово и од Врање. Кумановската колонија продолжи се организира во Меморијалниот центар АСНОМ во „Пелинце“.

    Инаку, Мики Трендафиловски годинава има учествувано и на ликовните колонии во Љубанци, во во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и новоспоставената колонија „Грација“ во Куманово, а има покани за учество на повеќе колонии.

    О. Пешевска