Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За да ги изнесат домашните миленичиња надвор од државата граѓаните треба да извадат сертификат во Ветеринарна станица.
Скоро една година сите Ветеринарни станици во државата се овластени да издаваат вакви документи со што се сузбива работата на црно.
Имаше четири или пет миленици за кои последниов месец е побарано сертификат. Се вадат многу брзо документи. Обично ги носат овој период за Германија, Швајцарија домашните миленици, а тоа се кучиња, мачиња или евентуално гулаби. Си има стандардна цена утврдена на државно ниво . За куче се плаќа по 150 денари. Не станува збор за голема заработка, туку ќе се воведе ред и нема да може некој да издаде сертификат без да плати ДДВ - велат ветеринарите.
Ако миленичето се изнесува во земја од ЕУ мора да има потврда дека нема беснило, а ако е за земја која не е дел од ЕУ тогаш потребна е потврда за примена вакцина.