Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Драгиша Милетиќ си поднел оставка на местото претседател на Српската напредна партија на 7 март годинава пред одржување на партискиот конгрес па потоа се попишманил, тврди новото раководтво од Куманово.
Тие на вчерашната прес-конференција ја покажаа оставката на Милетиќ и велат дека тој се одлучил на ваков чекор, откако делегатите предложиле уште еден кандидат за претседател на партијата. Толку се изнервирал и налутил што не добил едногласна подршка за реизбор на функцијата, па си поднел неотповиклива оставка и си заминал. Потоа се предомислил и со своите истомисленици одржал конгрес во подрум на куќа во селото Бањани.
Од овде сакаме да порачаме на политичката јавност во Македонија дека СНС нема да признае никакви коалиции, било какви обврски, потпишани или печатирани од екс претседателот Драгиша Милетиќ. Драгиша Милетиќ и понатаму се претставува како претседател, а се покажа само како ракувач на печатот. Доколку Драгиша Милетиќ има да ни каже нешто посебно, јас лично сум спремен и го повикувам јавно на тв дуел да си избере телевизија и водител и да си кажеме еден на друг што имаме, инаку да не се препукуваме вака во јавноста. .- изјави Ване Величковиќ, новиот претседател на СНС.
Изборот на паралелните раководства во СНС се случи пред десетина дена, па сега на Суд се докажува кој е законски избран и кој ќе раководи со партијата во наредниот периоид.