Министерот Бесими во посета на касарната „Бoро Менков„
06.04.2012 07:39
| KumanovoNews
Министерот за одбрана, Фатмир Бесими, денеска ќе ја посети Здружената оперативна команда во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

При средбата министерот Бесими ќе се запознае со процесот на преструктурирањето на АРМ, и во разговор со командантот и со останатите старешини и војници ќе даде насоки за континуирано имплементирање на реформскиот процес.
Воедно министерот Бесими ќе разговара и за дел од започнатите проекти меѓу кои и проектот „АРМ - мој вистински дом“, како и за новите измени во Законот за служба во АРМ.