×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Бочварски во посета на Општина Старо Нагоричане

    25.08.2022 14:18 | Сузана Николиќ

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна посета на општина Старо Нагоричане, каде со градоначалничката Жаклина Јовановска разговараа за инвестициите и тековните проекти кои се реализираат со поддршка од централната власт, но и за проектите кои ќе започнат со реализација во наредниот период.

    Министерот Бочварски во посета на Општина Старо Нагоричане

    Тие извршија увид во новоизградениот резервоар и реконструкцијата на водоводот во Младо Нагоричане, проект кој се реализираше преку Министерството за транспорт и врски и е комплетно завршен. Инвестицијата за овој проект изнесува повеќе од 160 илјади евра.

    „Во наредиот период со поддршка од централната власт започнува со реализација уште еден крупен инфраструктурен проект во општината Старо Нагоричане, а тоа е изведба на систем за водоснабдување во населеното место Алгуња, со кој се решава децениско прашање за жителите на ова населено место. Инвестицијата изнесува повеќе од 500 илјади евра и градежните работи се очекуваат да започнат во периодот што следи“, соопштуваат од Министерството.

    Дополнително, општина Старо Нагоричане има на располагање неповратни средства во висина од околу 800 илјади евра, обезбедени со Проектот за рехабилитација на локални улици и патишта, кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

    Општината е во процедура на изработка на неколку проекти за реконструкција на локални улици и патишта и очекуваме во најбрз можен рок кога истите ќе бидат завршени и одобрени да започне нивната реализација.

    „Кога има добра соработка и комуникација помеѓу централната и локалната власт, тоа се гледа на терен преку реализираните проекти. Министерството за транспорт и врски продолжува со поддршка на локалните самоуправи и реализацијата на квалитетни проекти кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на рамномерниот регионален развој во руралните и урбаните општини“, соопштуваат од Министерството.