×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Чулев во посета на полициските службеници во Куманово

    27.03.2020 23:16 | KumanovoNews

    Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва оствари работна посета со полициските службеници кои во рамки на СВР Куманово преземаат активности за контрола на спроведување на мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните.

    Министерот Чулев во посета на полициските службеници во Куманово

    Имајќи ги предвид статистичките податоци на Секторот за внатрешни работи, Чулев констатираше дека на територијата на СВР Куманово генерално се почитува мерката за ограничување на движењето на граѓаните, мерките и одлуките кои ги донесе Владата, а кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните, но и последните дополнителни мерки кои се однесуваат за жителите на Куманово се насочени кон спречување на понатамошно ширење на пандемијата на корона вирусот.

    Во таа насока апелирам до граѓаните на Куманово и до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките и да останат дома, нагласи Чулев.

    Од почетокот на спроведување на мерката за ограничување на движењето на територијата на СВР Куманово констатирани се 12 непочитувања на истата и тоа 10 на подрачјето на ПС од ОН Куманово и 2 на подрачјето на ПС од ОН Кратово.

    На подрачје на СВР Куманово се регистрирани 83 лица кои се во изолација со решение од ДСЗИ и сите се на подрачје на ПС од ОН Куманово, а 567 лица пополниле изјава дека ќе ги почитуваат препораките за самоизолација од 14 дена.

    Од нив 450 лица се на подрачје на ПС од ОН Куманово, 41 лице се на подрачје на ПО Матејче, 35 лица се на подрачјето на ПС од ОН Крива Паланка, 27 лица на подрачје на ПС од ОН Кратово и 14 лица на подрачје на ПО Ранковце.

    Од страна на СВР Куманово поднесени се 7 кривични пријави против 7 сторители за КД по чл.206 од КЗ и тоа 6 пријави против 6 лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација и 1 пријава против 1 лице кое не ја почитувало мерката како сопственик на угостителски објект кој работел спротивно на издадената мерка од страна на Владата.

    Министерот,  воедно ги потсети граѓаните дека согласно последната одлуката на Владата, за време на викендите ограничувањето на движењето започнува од 16 часот, а завршува во 05 часот.