Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за култура и туризам ги објави резултатите од Годишниот конкурс за проекти, настани и манифестации, кои ќе ги организираат културно- уметнички друштва, здруженија, невладини организации и уметници - поединци од Куманово.
Во програмата на Министерството се прифатени 23 проекти кои ќе чинат 3.516.500 денари или околу 57.000 евра.
КУД „Бајрам Шабани“ ќе добие 580.000 денари за две активности, 400.000 денари за организација на концерт за 80 години од постоење на друштвото и 180.000 денари за учество на меѓународниот „Фестивал на победата“ во Турција.
КУД „Панче Пешев“ ќе добие 510.000 денари, 255.000 денари за годишната програма и уште 255.000 за организација на Меѓународниот фолклорен фестивал.
На Здружението за развој, афирмација и унапредување на театарот „Ултра“ му се одобрени 408.000 денари за Балкански театарски фестивал на албански јазик, кој ќе се организира за првпат оваа година.
Традиционалниот „Џез Фестивалот“ на Институтот за наука, уметност, култура и спорт ќе добие 204.000 денари.
За организација на Детскиот ТВ фестивал „Бисерчиња“ одвоени се 255.000 денари за Асоцијација за култура и уметност МУЛТИ АРТ Куманово.
За летниот фестивал на епска песна „Кенга Епике“, издвоени се 178.500 денари.
За мјузиклот „Аладин во царството на соништата“ на Мерлин Стојановска 85.500 денари.
100.000 денари ќе добие уметникот Страхил Петровски за изложба во Македонскиот културен центар во Њујорк, Марина Цветановска - Мартиновска 79,500 денари за самостојна изложба во Белград, Стефан Анчевски 100.000 денари за изложба во Софија, а Осман Демири 76.500 за Подујево, Косово.
Од музичката дејност Исмет Вејсели ќе добие 150.000 денари за настап во Софија и Фатос Рушити 180.000 денари за во Загреб.
Здружението Литература и издавачка дејност - „Генинпекс“ ќе добие 126.000 денари за два проекти. „Агорапринт“ 229.500 денари, поделени по 76,500 денари за три проекти на Емин Аземи, Скендер Асани и Линдита Ахмети. 91,800 денари се доделени за 2 броја на списанието „Јувенилја“. Сума од 91.800 денари ќе добие и двобројот на списанието „Дорунтина“, во издание на Клубот на писатели „Јехона е Карадукут“ Куманово. Клубот на писатели за организација на „Поетски средби на Карадак“ ќе добие 70.400 денари.
За националните установи Центар за култура Куманово и Музеј Куманово, кои се финасираат од буџетски средства на централната власт, резултатите се уште не се објавени.