×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирно помина протестот на Албанците во Куманово

    11.05.2012 13:26 | KumanovoNews

     Стотина млади Албанци денеска протестираа против апсењето на осомничените за убиството кај Смилковско езеро.

    Мирно помина протестот на Албанците во Куманово

     По пладневната молитва во џамијата, повозрасните верниците си заминаа, а само мала група се собра и тргна кон центарот на Куманово. Стигнаа до Основниот суд Куманово, каде беа пресретнати од полициски кордон кој им го попречи натамошното движење.  

    Младите скандираа “Етничка Албанија“, “Ние не сме терористи“, “Јанкуловска убиец“, додека повозрасните меѓу нив ги смируваа и не дозволуваа ситуацијата да ескалира.  Велат дека спонтано се собрале за да го изразат незадоволството од политички монтираните процеси. Сметаат дека осомничените не се виновни за убиството што на Велики петок се случи на Смилковското езеро каде загинаат петмина Македонци.

     Дајте Јанкуловска нека решава економија, а не да измислува филмови и сценарија. Луѓето ако имаат доручек, немаат вечера, а тие поставуваат партиски луѓе, па нека постават професионалци што ќе го решат процесот. Не може министерката да кажува “јас мислам“, “јас верувам“. Тоа се емоции, не се факти. Од кога било проблем ако се најде исламска литература кај верник? Тоа не значи дека се терористи - изјави еден од присутните.

    Протестантите носеа албански знамиња, но имаше и знаме на Европска Унија. Протестот траеше 15 минути, а толпата мирно се размина.