×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирослав Димевски нов директор на училиштето „Карпош“ во Умин Дол

    09.01.2025 15:04 | KumanovoNews

    Мирослав Димевски, одделенски наставник,  е избран за нов директор на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол.

    Мирослав Димевски нов директор на училиштето „Карпош“ во Умин Дол

    Мирослав Димевски има 25 годишно искуство во просветата, а работел како учител и одговорно лице на подрачните училишта во Студена Бара и Пчиња на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Кумановo. На новото работно место доаѓа по распишан конкурс, со 4 -годишен мандат.

    „Веќе имам искуство на менаџерска позиција и не очекувам непријатни изненадувања. Дополнителна предност е што доаѓам во реконструирана и реновирана училишна зграда, во млад, ентузијастичко настроен и амбициозен тим и верувам дека ќе спроведеме акции и активности за оние мали недостатоци кои треба да се корегираат“, истакна Димевски.

    Регулација на сообраќајниот режим е прва работа со која би се зафатил- училиштето се наоѓа на регионален пат и неопходно е час поскоро поставување на легнати полицајци, поставување на знаци за ограничување на брзината, но и изградба на тротоари за безбедно движење на учениците и родителите.

     Во училиштето „Карпош“ се запишани близу 140 ученици од Умин Дол, Љубодраг и Ново село. Одделенска настава се одвива и во подрачното училиште во Ново Село, а учениците од 6 и погорните одделенија учат во зградата во Умин Дол.

    Доаѓа на местото на Тања Тодоровска, која поднела оставка поради преселба во странство.