Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом во Куманово утре (сабота) ќе се одржи третата по ред Гитаријада, на која ќе настапи легендарната македонска група „Мизар“. Вечерта ќе ја отворат Курсд Харт и Номад.
„Со задоволство го најавуваме трето издание на Гитаријадата. Искрено се надеваме дека со програмата ќе ги задоволиме вкусовите на сите љубители на рок музиката“, велат од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.
Групата, со прекини и често менување на составот постои повеќе од 30 години. Горан Трајковски е единствениот постојан член на групата која од почетокот била насочена кон рок музиката, а подоцна музиката била главно старословенско пеење, македонски фолклор, византиска традиција и дарк рок.
Концертот започнува во 21 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани.