×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МКК "Куманово" го победи "Пелистер" на одложениот натпревар

    21.01.2025 16:57 | KumanovoNews

    МКК "Куманово" го победи „Пелистер“ од Битола со резултат 86:72, на натпреварот кој завчера беше одложен поради технички проблеми во салата „Перо Наков“. 

    МКК "Куманово" го победи "Пелистер" на одложениот натпревар

    Со овој резултат кумановци се искачија на 4. место на табелата, со 23 бода, а Пелистерци се зад нив, на петтото место со ист број на бодови, но полоша кош разлика.

    За МКК „Куманово„ ова е седма победа од седум натпревари на домашен терен, а одлучувачко беше второто полувреме кога одбраната на кумановци била непробојна- „Пелистер“ за 20 минути успеал да постигне само 24 поени.

    На мечот имаше неколку пресврти- првата четвртина заврши во корист на домаќините со 12 поени разлика и резултат од 18:6. Во втората четвртина гостите направија серија од 15-0, за да на пауза по полувремето заминат со разлика од 10 поени предност. На почетокот на второто полувреме кумановскиот тим направија неколку серии. Во последната четвртина со разлика од плус 14 поени за МКК Куманово беше јасно дека победата на кумановци е сигурна.

    Радукиќ беше најуспешен играч на теренот со 31 поен, а Луковиќ со 21. Следниот натпревар МКК Куманово ќе го игра повторно на домашен терен каде ја пречекува екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварот од 15 коло се игра во сабота на 25 јануари.