Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и осумгодишен кумановец викендов бил пренесен во Кумановската болница со повреда задобиена од остар предмет.
Инцидентот се случил во петокот навечер во близина на Школската амбуланта во Куманово, а случајот во полиција го пријавиле лекарите.
„На 29.07.2023 во 00.30 часот во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен со повреди од остар предмет Н.С.(28) од Куманово“, стои во кратката информација од МВР.
Полицијата работи на расчистување на случајот.