×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младен Протиќ свиреше со Шербеџија

    21.07.2014 12:25 | KumanovoNews

    Кумановскиот гитарист Младен Протиќ настапи на концертот на познатиот актер Раде Шербеџија.

    Младен Протиќ свиреше со Шербеџија

    Концертот се одржа во Ресен по повод Меѓународниот театарски фестивал „ Актерот на Европа„, проект од меѓугранична соработка на Македонија, Грција и Албанија.

    На манифестацијата беше врачена наградата актер на Европа на Раде Шербеџија, по што актерот одржа целовечерен концерт  во придружба на нашиот сограѓанин Младен Протиќ, на класична гитара.

    Концертот траеше повеќе од час и половина и наиде на одличен прием кај публиката. Шербеџија е одличен уметник и шоумен. Нашата соработка започна преку нашиот заеднички пријател Нино Величковски и се договоривме да продолжи и понатаму. Наредната година ќе одржиме концерт во Париз,- изјави Протиќ.  

    Протиќ пред публиката се преставил и самостојно со неколку негови композиции.На манифетацијата се одржаа театарски претстави од повеќе европски држави.