Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од Крива Паланка освоија награди на Меѓународниот уметнички фестивал „Утринска Ѕвезда“, кој се одржа во Банско, Бугарија.
Настанот обедини учесници од седум земји, меѓу кои и Македонија, а младите таленти од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и СОУ „Ѓорче Петров“ ја претставија Општината на најдобар можен начин.
Во меѓународна конкуренција, оркестарот под раководство на проф. Лариса Жулина- Митовски освои прво место, додека соло изведувачите исто така оставија силен впечаток.
Уна Златановска, шестгодишна ученичка, го освои првото место во категоријата соло пијано, а Михаил Митровски, исто така шестгодишен ученик, освои второ место во истата категорија.
„Горда сум на нашите ученици кои, со својот труд и посветеност, покажаа дека се подготвени да се натпреваруваат на највисоко ниво. Нивните успеси се доказ за нивниот талент, но и за важноста на уметничкото образование како дел од нивниот личен и професионален развој,“ изјави проф. Лариса Жулина-Митовски, менторка на младите музичари.
Фестивалот „Утринска Ѕвезда“ претставува значаен настан кој обединува млади таленти од различни култури и нации, а учениците од Крива Паланка со своите настапи покажаа дека се вистински амбасадори на македонската музичка уметност. Успесите на овие млади уметници се уште еден поттик за општината да продолжи да го негува талентот и да создава услови за нивен понатамошен развој.