×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младински културен центар ќе се отвори во просториите на поранешно „Интермецо“

    13.12.2023 11:54 | Оливера Пешевска

    Дел од просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во кои порано работеше кафулето „Интермецо“, во иднина ќе се користат за потребите на Младинскиот културен центар. Со центарот ќе раководи невладината организација Центар за интеркултурен дијалог - ЦИД. Просторот е со површина од 150 квадрати, а на бесплатно користење од 10 години им го отстапи Владата. 
     

    Младински културен центар ќе се отвори во просториите на поранешно „Интермецо“

    „Сакаме да направиме простор за дружба и за културни настани за оние малку што останавме во Куманово и целиот Североисточен регион. Планот и идејата е младинскиот културен центар да е отворен од 10 до 19 часот, од понеделник до сабота, наменет за сите кумановци, посебно за младите. Сите активности таму ќе бидат бесплатни и просторот ќе се користи за трибини, состаноци, промоции на книги, театарски претстави, стенд ап настапи, музичко-сценски перформанси, филмски проекции“, истакна Нами Исаки, извршен директор на ЦИД.

    Просторијата во моментот не е употреблив и се наоѓа во многу лоша состојба, па мора целосно да се реновира. 

    „Има многу работа, инфраструктурна реконструкција, реновирање и адаптација на просторот согласно нашите замисли, планови и желби. Досега се контактирани две проектански бироа за да се направи архитектонски план и ги очекуваме идејните решенија како би изгледало тоа. Нашите желби се, поради тоа што има доволна висина да се изведе и втор кат, за да се искористи просторот максимално. Планираме да направиме мала сцена, подиум и планот ни е да биде со најнова технологија што се однесува на звукот, осветлувањето, опремата за проекции итн. Ќе има само мал одделен дел за канцеларија за одговорното лице што ќе биде таму“, објаснува Исаки.

    Иако не се поставени рокови тие планираат да завршат со подготовка на просторот и да го пуштат во употреба до крајот на идната година.  

    „Ние ќе гледаме да најдеме локални, национални и интернационални донатори за да успееме. Но, првин мора да го имаме идејното решение потоа ќе се обратиме до амбасадите, локалните фирми и затоа упатувам апел до сите успешни компании од Куманово, кои би можеле да ни излезат во пресрет да ни помогнат“, потенцираше Исаки.

    Дејноста која ја спроведува ЦИЕ е веќе добро позната преку  Мултикулти центарот, кој промовира дијалог преку забави, заеднички прославувања на верски и други празници каде младите учат да го почитуваат соседот, без разлика на националната, етничка, верска или било каква основа.