×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите ќе реализираат проекти за помош на заедницата

    04.02.2015 12:57 | KumanovoNews

    Триесетина ученици денеска во просториите на Црвен Крст, се запознаа со проектите за промоција на хумани вредности, како се изработуваат, документираат и како преку нив да се помогне на локалната заедница.

    Младите ќе реализираат проекти за помош на заедницата

    По завршување на три обуки, основците и средношколците ќе треба да осмислат и реализираат проекти за помош на ранливото население.

      “До 14 мај можат да аплицираат со проектите. Ги реализираме, документираме и препраќаме до Црвен Крст на Република Македонија. Може да се собираат пари за помош на некое загрозено семејство, да однесат пакети со храна, облека, да помогнат во социјализирање на луѓе кои се далеку од градот“ - рече Сања Росевска, дисеминатор за пхв проекти.

    Вакви проекти во Куманово се реализирани во претходните години.

    “Еден од најважните проекти беше “Различни , но сепак исти“. Целта на овој проект беше да ги запознаеме другите националности кои живеат во Куманово. Проектот траеше месец дена, ги презентиравме нашите традиционални јадења“ - изјави Филип Кузмановски, волонтер во Црвен Крст.

    Учениците кои ќе реализираат најдобри проекти за промоција на хумани вредности, како награда ќе учествуваат на работилници во Македонија.