Младите на ВМРО - ДПМНЕ организираат крводарителска акција
02.02.2015 08:38
| KumanovoNews
Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ ОК Куманово, утре организира крводарителска акција во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Членови и симпатизери на партијата крв ќе даруваат од 11 до 14 часот и се очекува да бидат собрани триесет крвни единици.
Оваа крводарителска акција е традиционална и последниве неколку години се организира во соработка со Црвен Крст Куманово.