×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите во Куманово ќе добијат скејтпарк, најави Димитровска

    29.09.2021 13:05 | KumanovoNews

    Кандидатката за градоначалничка на Куманово, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ на денешната прес-конференција најави изградба на адреналински парк за младите. Паркот ќе се наоѓа во близина на спортската сала, а за него е изработен предлог проект на иницијатива на член на ЛДП.

     

    Младите во Куманово ќе добијат скејтпарк, најави Димитровска

    „Ние како Движењето „Одлучно за промени" предлагаме ова место да се искористи за градење на скејт парк проект изработен од Ненад Бојковски, којшто е претставник од движењето, а воедно и член во ЛДП. Тој под покровителство на Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка преку Националниот младински совет на Македонија изработи предлог - односно јавен документ за локална иницијатива. Токму со неговиот предлог како да се изгради скејт парк во Куманово го предвидовме ова место како идеално за иградба на скејт парк, во којшто младите можат да се опуштат, да се релаксираат. Овој парк е повеќенаменски, за тоа како ќе биде дизајниран ќе се остави на младите, со својата креативност слобдно да го исцртаат, а од друга страна паркот може да биде користен и од повозрасни луѓе за прошетка и да си ги пуштат децата да се играат“, кажа Димитровска.

    Ненад Бојковски, кој е на листата на советници на ЛДП, објасни дека младите се изјасниле во повеќе анкети дека имаат потреба од ваков простор каде што ќе можат да го поминуваат слободното време и да се дружат, па затоа тие се потрудиле да го изработата проектот.

    „Знаеме дека поради коронакризата младите останаа дома, нема каде да го поминуваат слободното време. Ние како голема општина немаме скејтпарк, а сакаме да бидеме европска општина, урбана општина и модерна општина. За да направиме таква општина младите мора да се чуствуваат европски, да имаат простор каде ќе се рекреираат“, кажа Бојковски.

     

    Ивана Алексовска