Младо Нагоричане ја слави „Света Петка„
07.08.2010 08:23
| KumanovoNews
Со повеќе настани во селото Младо Нагоричане ќе се прослави големиот христијански празник „Света Петка„.

По тој повод денеска во 15.00 часот на спортскиот терен кај основното училиште „Христијан Т. Карпош„ ќе се одржи турнир во мал фудбал. По завршувањето на оваа спортска манифестација ќе следува народен собир со културно уметничка и забавна програма.
Организатот на прославата е Општината Старо Нагоричане, која ги поканува жителите на соседните општини Куманово, Ранковце и останатите да присуствуваат на овој традиционален собир и заедно да го прослават големиот празник на селото.