×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мнозинството ја ограничи дискусијата на советниците, опозицијата обвини за замолчување

    13.11.2023 10:11 | Сузана Николиќ

    Мнозинството во Советот на Општина Куманово на последната седница донесе одлука со која го ограничи времето на траење на дискусијата на советниците.

    Мнозинството ја ограничи дискусијата на советниците, опозицијата обвини за замолчување

    Имено, по предлог на советникот Дарко Митевски од партијата Знам, советот прифати на советниците да им се дозволи да се јават за збор само еднаш по одреден точка и да дискутираат најмногу 10 минути. Предлогот како процедурална забелешка беше доставен и донесен откако беше изгласан дневниот ред, без посебно образложение зошто е неопходен.

    „Во име на член 66 од Деловникот би сакал да предложам мнозинството, да се изгласа по исто прашање на седница да се говори само еднаш и да се определи времетраење на излагање што не може биде подолго од 10 минути“, кажа Митевски.

    На ова реагираше советникот Миле Андоновски од опозициската коалиција, кој потсети дека ограничувањето на дискусијата на советниците е оправдана само ако на седницата има многу обемен дневен ред и временски ограничувања, поради што е потребно да се забрза дискусијата.

    „Со ваквиот предлог, кој во овој период од една година веќе трети пат се предлага се излегува од рамките на една досега утврдена демократска пракса, и за мене е обид за ограничување на можноста на членовите на опозиционите политички партии да можат пред граѓаните поескплицитно да изнесат одредени проблеми кои што се случуваат во општина Куманово. Мнозинството ќе ја донесе одлуката, меѓутоа, доколку продолжи ваквиот тренд  тоа ќе биде една практика која што е несвојствена на досегашното работење на советот, инаку таа е деловничка“, кажа Андоновски.

    И советникот Благојче Јаќимовиќ смета дека со скратување на дискусиите се настојува по секоја цена да се замолчи опозицијата, затоа што на власта не и одговара да се чуе неспособноста во нејзиното работење. 

    „Не само што ни е скратена дискусијата, туку се крши и Деловникот кога претседателката на Советот им дозволува на директорите и раководителите да одговораат и на нашите контра реплики, додека истото не важи за советниците од власта, поради што реагирав на самата седница“, вели Јаќимовиќ.

    Предлогот беше усвоен со 16 гласа за и 9 против.

    На последната седница се расправаше за значајни точки од сферата на општинското финансиско работење, како што се ребалансот на буџетот, пренамена на средства за одредени програми, субвенционирање на одредени услуги, зголемување на главнина на јавни претпријатија и др.