Мобилни даночни шалтери во Старо Нагоричане
06.12.2012 08:39
| KumanovoNews
Пред зградата на Општина Старо Нагоричане, утре ќе бидат поставени даночни шалтери од УЈП, кои имаат за цел на жителите да им го доближат и појаснат плаќањето на даноци.

Мобилниот даночен шалтер ќе ги нуди следниве услуги: прием на даночни пријави,издавање излезни документи, обезбедување информации од даночната сфера, пополнување на даночни пријави, укажување на роковите за плаќање, уплатни сметки, приходни шифри и слично.
Од 10 до 15 часот граѓаните можат да прашаат за се што не им е јасно од даночната сфера.
На 21 месецов даночни службеници повторно ќе ја посетат Општината и ќе се сретнат со месното население.