×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Модерен граѓански устав за достоинствена нација најави Биљана Ванковска од Куманово

    12.04.2024 10:06 | Оливера Пешевска

    Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, синоќа во Куманово ја претстави својата програма со која најави дека ќе го врати достоинството на нацијата.

    Модерен граѓански устав за достоинствена нација најави Биљана Ванковска од Куманово

    „Носење на нов, граѓански, современ устав за 21-иот век за модерна македонска нација која, ќе докажеме, ги преминала болките кои ги имала во минатото- тука мислам и на конфликтот од 2001-та, и на олигархискиот грабеж кој и се случи на Македонија. Договорите кои јас ги оспорувам во мојата програма се оние кои фактички се наметнати однадвор- или под насилство или со посредување на странци. Меѓутоа листата на барања не престанува, очигледно дека прашањето на уставот останува клучна тема на оваа т.н. дебата“, го започна своето обраќање професорката Ванковска.

     Таа вели дека програмата на Левица е борбена, иако дел ја сметаат за радикална, но таа тврди дека од некаде мора да се почне.

    „Почнуваме од дома, со овие наши проблеми кои ни се наталожени. Ние ќе опстоиме, достоиме на она што во завет ни го дале минатите генерации за да имаме што да им оставиме на идните генерации. Бидејќи вака, како што тргнала работата Македонија е се што немаме. Ја избришаа, се чувствуваме како граѓани од втор ред во сопствената држава“, истакна Ванковска.

    Според неа, проблемот е што сите шестмина против кандидати, колку и да изгледаат различно од она што го кажуваат и ветуваат, припаѓаат на истата политичка матрица, која треба да го сочува статусит кво кој ним им одговара и не нудат ништо ново. 

    Нејзината желба и убеденост е дека таа и Левица се последната надеж на Македонија.

    „Велат дека со мојот штетен наратив ја уривам довербата во институциите, токму тие што ја упропастија државата, судството, здравството, па и образование од каде јас доаѓам. Од нас доаѓа вистината, мојата мисија на овој пат е кажување на елементарната вистина, ништо повеќе и ништо помалку од тоа“, потенцираше професорката .

    Ванковска, досегашната кампања ја оценува како нефер и недемократска од самиот почеток, помалите партии стратуваат со различни позиции и всушност се ограбени во делот на она што им припаѓа како медиумско преставување, што е огромен хендикеп.

    Лидерот на Левица, Димитар Апасиев очекува да добијат прилично голем број на гласови, затоа што не се корумпирани, и очекува на изборите да освојат 120 илјади гласови.

    „Со досегашните кадри чудете се што имаме држава, тоа се луѓе без кредибилитет. Единственото што го имаат политичарите, според Аристотел е образот, името. Професорката Ванковска остана доследна и достоинствена и речиси на сите поважни прашања бевме на иста линија. Кога ја градеше нејзината програма, откако ја исчитавме не и вративме никаква забелешка, тоа е нашата програма, нашата платформа. Се разбираме на интуиција, на фреквенција“, кажа Апасиев.

    Левица од антифашистичко Куманово испрати антифашистичка порака дека нема да дозволат историски ревизионизам, газење на принципите на АСНОМ и засекогаш ќе останат на идеалите за кои се бореле партизаните.

    „Куманово е град кој знае што сака, и знае дека ќе го одбере тоа кога ќе дојде вистинскиот момент. Кумановци ќе препознаат дека имаат вистинска црвена опција која се поставува на темелите, вредностите поради кои вашите предци тргнале речиси голораки против бугарскиот фашистички окупатор. Тука ја покажале храброста на македонскиот народ. Куманово од еден град со 20 илјади вработени во индистриски капацитети е сведен на град без можности“, рече Амар Мециновиќ, носител на пратеничката листа во Втората изборна единица.