×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Модна ревија на матурантите од „Перо Наков“ во Занаетчискиот дом во Куманово

    25.04.2023 15:00 | Оливера Пешевска

    Модели креирани и изработени од матурантите на текстилно - кожарската струка од училиштето „Перо Наков“ ќе бидат прикажани на модна ревија, насловена „Магија во кругот - дизајн, мода, графика“,  утревечер во 18 часот во Занаетчискиот Дом во Куманово.

    Модна ревија на матурантите од „Перо Наков“ во Занаетчискиот дом во Куманово

    Ваков настан се организира за прв пат во училиштето, а намерата е да прерасне во традиционална манифестација.

    „На ревијата со свои модели ќе учествуваат 32 ученика, од кои 27 што наставата ја следат на македонски јазик и 5 од паралелките на албански наставен јазик. Учениците од кожарската струка изработија редизајн на 4 пара стари обувки, кои исто така ќе бидат презентирани. Креациите се комплетно дело на учениците, со мала помош на професорите и стручните лица во делот на изработката. Од насоката за графички дизајн десетина ученика ќе ги покажат креациите што тие ги сработиле“, изјави Фросина Митковска - Цветковска, професорка.

    Организатор на ревијата е самото училиште, а во подготовката учествувале 10 професори, дел на стручните предмети, како и нивните колеги.   
     

    „Најмногу сме професори кои предаваат на текстилно-кожарската струка, но во организацијата се вклучија да ни помогнат колегите македонисти затоа што на ревијата ќе има и литературно читање и колегите од насоката за графички дизајн. За прв пат организираме јавна презенатација на она што го работиме и што сме го научиле во изминатите 4 години во училиштето, но се надеваме дека ќе воведеме традиција и дека ваквиот начин на промоција на нашите обучени кадри ќе продолжи и во иднина“, вели Митковска - Цветковска.

     Финасиите во целост ги обезбедило училиштето, а моделите се изработени во модни студија или кај искусни шивачки каде децата одат на пракса. Ревијата нема продажен карактер, но можно е некој од моделите да се подари на матурантка. Останатите ќе се чуваат во училиштето како пример за изработка за наредните генерации.

         Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители, кои би сакале да ја погледнат ревијата.