×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Модна ревија на народни носии се одржа во Куманово

    18.02.2023 10:53 | Оливера Пешевска

    Центарот за истражување на традицијата „Етно Фолк Студио“ одржа ревија на народни носии под наслов „Ново руво за стари кројки“, на која беа прикажани носии од кумановскиот крај карактеристични за крајот на 18-тиот и почетокот на 19-тиот век.

    Модна ревија на народни носии се одржа во Куманово

    Она по што се разликуваат овие носии од останатите е начинот на рачна изработка на облековни елементи, кои се препознатливи за овие подрачја.

    „Она што сега може да се види се карактеристичните предмети што се носеле под носиите. Прикажаните носии се главно од нашиот регион, кумановскиот, има и од битолскиот, но има речиси од цела Македонија. Застапени се сите етникуми“,  изјави Перица Димковски, етнокореолог.

    Ова беше трета по ред ревија на делови и орнаменти од народни носии и е едниствена од ваков вид во државата. Ревијата „Ново руво во стари кројки“ беше збогатена со прерасен накит од Зрнце Дизајн и Карас, а своја литературна творба читаше писателката Љиљана Тричковиќ.

    Ревијата е поддржана од Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.