×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Модуларната ковид болница во Куманово ги прими првите пациенти

    09.03.2021 14:05 | KumanovoNews

     Осум пациенти се сместени во модуларната ковид болница во Куманово, којашто вчера започна со работа.

    Модуларната ковид болница во Куманово ги прими првите пациенти

    Веднаш по отворањето биле примени седум пациенти, а утринава уште еден. Болницата е со капацитет од 33 легла.

    „Болницата е направена по сите стандарди со нов мебел и се она што е потребно за лекување на пациентите. Болничките соби се по 6 и 8 кревети,и ги има сите услови за пациентит и вработените“, изјави директорката Снежана Захариева.

    Болничките капацитети на сите три ковид оддели се исполнети 60 отсто или 30 пациенти се водат во дневата болници и 45 се сместени на оддлението. Има место за прием на уште 30 пациенти. Бројот на заболени постојано расне.

    Медицинскиот персонал и лекарите од другите одделенија по потреба се ротираат за работа на трите ковид-оддели. За пациентите се грижат специјалисти инфектолози, интернисти, невролози и општи лекари.