Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Младинскиот образовен форум во наредните десет дена организираат петиција со која бараат екстерното тестирање да биде пилот проект бидејќи имаше многу пропусти.
Загрижените ученици, родители, наставници, граѓани можат да се потпишат на Градскиот плоштад или пред Комитет од 17 до 21 часот.
Меѓу најсериозните пропусти и неуспеси на екстерното оцеување се вбројуваат и паѓањата на компутерскиот систем, пробиените тестови кои се ширеа преку социјалните медиуми, тестовите кои содржеа прашања од материјал кој не е предаден, прашањата кои не содржеа ни еден точен одговор, масовната појава на слаби оценки кај цели генерации по одредени предмети. Дополнително, институциите и предвидените процедури сеуште не даваат одговор за постапката во случај на негативна оценка (незадоволителен - 1), имајќи во предвид дека македонскиот образовен систем не дозволува впишување на ваква оценка во свидетелство - велат од МОФ.
Со петицијата сакаат да реагирaат до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар да го прогласат екстерното тестирање за пилот, да направат сериозна анализа на пропустите и ефектите, да отворат јавна дебата со засегнатите страни и да работат на негово подобрување.
Оштетените ученици од МОФ ги советуваат да достават преставки до Народниот правобранител во Република Македонија.
Претставки ќе бидат доставени до Државниот управен инспекторат и Државниот просветен инспекторат затоа што рокот за објавување на листата со предмети за полагање бил скратен од 7 на 4 дена, а рокот за поднесување приговори по објавување на резултатите наместо 3, траеше само 2 дена. .