Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минијатури од академскиот сликар Момчило Авармовски вечерва ќе бидат изложени во фоајето на хотел “Аполонија“ во Гевгелија.
Отварањето на изложбата е закажано во 20 часот.
Минијатурите претходно ги виде кумановската публика во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ и во Велес. Беа прикажани 60 минијатури, пресек од севкупното творештво на овој ликовен уметник.
Аврамовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство кај проф. Ристо Калчев. Неговата ликовна едукација продолжила на неколку студиски престои во Дизедорф и во Ротердам. Имал дваесетина самостојни изложби, а учествувал на над сто групни изложби и на голем број ликовни колонии.