×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МОН апелира да се исплаќаат прекувремените часови на наставниците

    27.05.2021 11:48 | KumanovoNews

    Министерството за образование и наука апелира до општините и училиштата да го почитуваат законот и да ги исплаќаат надоместоците за прекувремена работа на наставниците.

    МОН апелира да се исплаќаат прекувремените часови на наставниците

    „МОН редовно ги уплаќа средствата, односно блок дотациите кон локалните самоуправи, согласно динамиката со којашто тие ги доставуваат барањата. Работата и посветеноста на наставниците треба да се вреднува и почитува, посебно во услови на пандемија, кога сите заеднички вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година“, посочуваат од надлежното министерство.

    Уште во месец октомври, МОН испратил писмо до сите училишта со кое ги потсетува на законските обврски за наставниците кои извршуваат работни задачи, повеќе од полното работно време, да им се исплати надоместок за прекувремена работа, за што се обезбедени средства.

    „МОН и претходно во повеќе наврати апелираше до општините да го почитуваат законот и да го исплатат надоместокот. Дадени се детални инструкции за постапување на секое училиште и општина, кои се обратија со барање за појаснување како да постапи во врска со пресметките за плата“, велат од МОН.