×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МОН апелира сите училишта да се пријават за субвенционирана струја

    18.01.2023 12:24 | Сузана Николиќ

    Од понеделник 23 јануари започнува второто полугодие од учебната 2022/23 година со физичко присуство за сите ученици, поради што од Министерството за образование и наука (МОН) апелираат сите училишта да се пријават за субвенционирана струја. 

    МОН апелира сите училишта да се пријават за субвенционирана струја

    Владата одлучи зимскиот распуст да го продолжи од 18 до 23 јануари, поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.

    „Со оглед на тоа што дел од јавните основни и средни училишта сè уште ја немаат искористено поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија, апелираме до раководствата на образовните установи и општините како нивни основачи, да ја реализираат оваа можност. Со тоа, училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување на настава со физичко присуство до крајот на учебната година. Одговорноста на секој чинител во реализацијата на воспитно-образовниот процес придонесува за повисок квалитет на образованието“, соопштува МОН.