×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Монодрамата „Избувливиот човек“ вечерва во Центарот на култура во Куманово

    25.10.2022 10:00 | Оливера Пешевска

    Монодрамата „Избувливиот човек” со Ефтим Трајчов во режија на Перо Даниловски ќе гостува вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Претставата е работена по раскази на Антон Павлович Чехов. Започнува во 19 часот а влезот е слободен за сите заинтересирани.

    Монодрамата „Избувливиот човек“ вечерва во Центарот на култура во Куманово

    Претставата досега е прикажана на повеќе театарски сцени во државата и има освоено награда од публиката на Фестивалот на монодрама во Битола. Станува збор за црна комедија која концептуално ја обзема и публиката, не само актерот.Расказите на Чехов се извор на испирација за Трајчов и се надева дека и во иднина ќе бидат матрица за обработка.

    „Станува збор за еден човек кој не сака да биде во замката наречена брак, но постојано има напливи од жени кои сакаат да го женат, но тој сака да се одбрани со сите свои сили. Тука настанува хумор и многу ситуации, зашто има повеќе карактери кои ги играм“ накратко ја опишува претставата Ефтим Трајчов.

    Режијата е на Перо Даниловски,сценографијата на Орхан Ќамил, а костимографијата на Александра Димитрова.