×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Монопол доби нов стечаен управник

    31.05.2013 13:22 | KumanovoNews

     Зоран Денковски од Куманово е назначен за нов стечаен управник на Тутунски комбинат “Боро Петрушевски - Папучар“, откако предходно беше разрешен досегашиот Богољуб Макревски од Скопје.

    Монопол доби нов стечаен управник

    Новиот стечаен управник наскоро треба да изврши увид во докуметацијата на Комбинатот и да ги утврди долговите и побарувањата на фирмите и вработените.

    Во Основниот суд завчера се оддржа првото судско рочиште на кое присуствувал и новиот стечаен управник.

    Бидејќи стечајниот е назначен скоро, тој побара од Судот да му даде време да го проучи предметот, а потоа ќе излезе со извештај за состојбата на комбинатот. Судот го прифати барањето и следното рочиште го закажа за 12 јули. Со вработените се договоривме за десетина дена да оддржиме состанок кај нас или во Тутунски комбинат на кој тој ќе каже какви се неговите натамошни планови.- вели Миле Спасовски, секретар на Регионален синдикат.

     Во Комбинатот како вработени се водат само 135 луѓе, додека поголем дел од нив дале отказ поради нерешениот статус. До Комбинатот пристигнале 464 пријави за побарувања на вработените, кои ќе се утврдуваат колку се реални.

    На собирот со работниците ќе се знае што понатаму планира Владата со овој некогашен индустриски гигант. Јас знам дека има заинтересирани странски фирми кои сакаат да го купат Монопол, меѓутоа се зависи од договорот со Владата и од висината на долговите, кои се огромни - додава Спасовски.

    Вработените имаат побарувања по основ на неисплатени плати и придонеси, но фабриката има и големи долгови кон правни лица.