МОСТ:Во двојка ВМРО-ДПМНЕ со 10 пратеника, СДСМ 5
Граѓанската асоцијација МОСТ ги објави првичните проекции за освоените пратенички места во Парламентот.

Според обработените податоци од ПВТ примерокот, во изборна единица 2: Коалиција ВМРО-ДПМНЕ освоила 10 пратенички места, Коалиција СДСМ – 5, ДУИ – 4 и ДПА – 1 мандат.
Тоа значи дека во пратеничките фотељи ќе седнат;
ВМРО-ДПМНЕ: Гордана Јанкулоска, Трајко Вељаноски, Зоран Ѓорѓиевски, Иван Стоиљковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Весна Дамчевска-Илиевска, Александар Стојкоски, Авдија Пепиќ и Олга Најденовска.
СДСМ: Петре Шилегов, Љубиша Николиќ, Соња Мираковска, Љубица Буралиева и Благоја Стојановски.
ДУИ: Реџаил Исамили, Шкодране Дралишта, Мирван Џемаили и Артан Груби.
ДПА:Орхан Ибраими.