Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стручни лица од Институтот за сеизмички и отпорни градби и климатски промени извршиле стручен надзор над мостот на реката Пчиња во истоименето село, при што констатирале дека мостот се ноаѓа во лоша состојба и треба да се забрани за користење.
„Мостот на реката Пчиња, кај селото Пчиња се наоѓа во исклучително лоша состојба и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски по нашиот апел веднаш интервенираше. Се направи стручно мислење кое вели дека мора да се санира или да се сруши и изгради нов, а треба да се забрани за користење на возила, кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција.
Градоначалникот Максим Димитриевски на последната седница на Совет откри дека општината бара начин како да го реши проблемот, се во интерес на жителите.
„Ние ќе постапиме согласно нашите овластувања по насоките од извештајот, но додека не се предвидат буџетски средства ние не можеме да работиме на санација на мостот. Тоа се историски инвестиции, за да се изгради мост не е лесно. Општина Куманово за овој проект аплицираше во ЕУ, за да биде финасисран од евроспки фондови – се уште нема информација дали ќе имаме позитивен одговор. Ќе испратиме и апел до Владата од тековна резерва на владата за итни интервенции да се обиде да обезбеди средства. А и ние ќе ги провериме нашите финсиски можности колку, што и како можеме. Во спротивно жителите од тој дел ќе останат отсечени од градот“, одговори Димитриевски, на советничко прашање.
Во меѓувреме протокот на возила и пешаци на мостот кај селото Пчиња се одвива непречено. Мостот го користат жителите кои поминување со тешки земјоделски машини и механизација кон нивите.
Мостот кај селото Пчиња е единствената врска со Куманово, па тамошните жители се плашат дека доколку падне ќе останат отсечени од светот.