Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мотоциклист и пешак се повредени во сообраќајна незгода, која вчера напладне се случила на раскрсница во кумановската населба „Карпош“.
Во 13.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „100“ и „21“ во населбата Карпош во Куманово, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Л.Р.(38) од Куманово, удрил во малолетен пешак. Во несреќата мотоциклистот и пешакот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.
Очевидци велат дека во несреќата било повредено дете кои одело кон училиште „Магдалена Антова“.