Со мотокултиватор удрил во жена на „Нагорички сокак“
23.05.2023 08:52
| Сузана Николиќ
Триесет и седумгодишна жена е повредена, откако во неа удрил мотокултуватор на улицата "Иво Лола Рибар" во Куманово.

Несреќата се случила вчера околу 12.30 часот.
„Во СВР Куманово е пријавено дека на улицата , "Иво Лола Рибар" во Куманово мотокултиватор управуван од Е.И.(33) удрил во пешак Д.С.(37) од Куманово. Со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово се здобила Д.С. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата“, соопшти МВР.
Очевидци кажуваат дека возачот си заминал од местото на несреќата.
(фото.архива)