×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Можност за невработените да аплицираат за мерката практиканство

    27.09.2022 10:56 | Сузана Николиќ

    Невработените лица до 34. години кои имаат завршено средно или високо образование имаат можност да аплицираат за мерката практиканство во приватни компании.

    Можност за невработените да аплицираат за мерката практиканство

    Од Агенцијата за вработување во Куманово велат дека оваа мерка ќе им помогне на невработените да се  стекнат со практично искуство по што ќе станат конкурентни на пазарот на труд, а работодавачите ќе креираат кадар којшто им е неопходен за нивниот работен процес.

    Лица кои што ќе се вклучат во оваа мерка добиваат месечен надомест бруто износ од 9.000 денари, а мерката е во времетраење од три месеци. 

    Според податоците на Центарот за вработување во Куманово, од вкупно 12.223 невработени лица кои што се активни баратели на работа, 3.546 се невработени до 34-годишна возраст.