×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МТСП: Исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

    04.01.2021 09:24 | KumanovoNews

     Министерството за труд и социјална политика (МТСП) од утре (вторник) започнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита, сите парични права за месец декември 2020 година.

    МТСП: Исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

    Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот ковид-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

    -  05.1.2021 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

    -   08. 1.2021   (петок) – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

    Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 5 јануари  2021 година.

    Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.