×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МТСП: Во тек е редовната исплата на пензиите, зголемена за 5.3%

    02.10.2023 13:09 | Сузана Николиќ

    Министерство за труд и социјална политика (МТСП) ги известува пензионерите дека во тек е редовната исплата на пензиите, која овој месец  е зголемена за 5.3 отсто.

    МТСП: Во тек е редовната исплата на пензиите, зголемена за 5.3%

    „Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи. Согласно оваа методологија и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември е  зголемена за 5.3%. Ова е второ усогласување за оваа година , во месец март беше зголемена за 8.4% и заедно со 5.3% во септември, изнесува вкупно  13.7%. Со исплатата на пензијата за месец август се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот, соопшти МТСП.

    Министерството за труд и социјална политика претходно извести и  дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.