Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љ.С.(22) од Отља се здобил со скршена вилица, откако Љ.Ф.(19) од с.Оризаре му удрил бокс во лицето затоа што се скарале за девојка.
Инцидентот се случил вчера во 10 часот во селото Липково, кога момчињата започнале расправија поради девојка. Притоа Љ.Ф. толку се налутил што со тупаница го удрил Љ.С. во пределот на главата и му ја скршил вилицата и два заба. Повреденото момче во придружба на полицијата, беше донесено во Ургентниот центар во Куманово, и по извршениот преглед на Ушното одделение, поради сериозноста на повредата Љ.С. беше испратен во Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР - Куманово и во тек се мерки за целосно расчистување на настанот.